Во „Рено“ бутнал десетмина илегалци - македонската полиција запрепастена

 

53 годишниот Ш.И. од Градско си заработи кривична пријава и 30 дневен притвор, откако полицијата го фатила како превезува десетмина мигранти.

СПоред информациите од МВР, во петокот попладне во 19:30 часот, на бензинската пумпа „Макпетрол“ во Демир Капија, полициски службеник запрел „Рено“ управувано од Ш.И. и внатре начекал десетмина мигранти, од Сирија, Авганистан и Бангладеж.

Полицијата утврдила дека мигрантите во петокот илегално влегле од Грција во Македонија, а потоа Ш.И. ги земал за да им помогне да заминат во западно-европските земји.

Мигрантите се сместени во Прифатен центар за странци во Скопје.

 

13.01.2014 - 12:20

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега