Оставил BMW нашол пепел - непријатно изненадување за битолчанец
29 годишниот битолчанец Г.М. остана без своето БМВ, откако утрово околу 5 часот автомобилот бил опожарен.
Како што информираат од МВР, пожарот избувнал на улицата „Ружа Делчева“ во Битола, каде автомобилот бил паркиран. Пожарот го изгаснале противпожарни екипи.
Полицијата денеска ќе изврши увид, но, според досегашните информации, пожарот не бил подметнат.
13.01.2014 - 10:18
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа