Се јави Амди Бајрам: Не ме удри срце - добар сум
Лидерот на Сојузот на Ромите на Македонија, Амди Бајрам, утрово во болница ги прими најблиските и изјави дека е добро.
- Многу ме вознемири веста која вчера и завчера ја објавија некои медиуми, а никој не ја проверил, а во која се велеше дека завчера сум пренесен на Кардиологија поради срцев удар. Тоа е лага. Јас на одделението сум веќе седми ден. Седум дена лежам во болница, но за среќа, арен сум. Денеска ги чекам деталните анализи за да видиме што ќе каже доктор Сашко Кедев. Ми кажаа дека сум имал течност во срцето, и ќе минам со коронографија. Уф, мори мајко. Тоа ти е брат, вели за Плусинфо Амди Бајрам.
Лекарите го советувале Амди да внимава и да не се нервира бидејќи сето тоа лошо му влијаело.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа