Македонец уапсен во Србија - се обидел да прошверцува 24 килограми хероин
Српската полиција уапси Македонец кој се обидел да прошверцува 24,32 килограми хероин.
Според информациите кои ги пласираат локалните медиуми, дрогата била сокриена во автомобил со германски регистарски таблички со кое управувал германски државјанин од македонска националност. Тој патувал од Македонија кон Германија.
Српската полиција го уловила шверцерот на граничниот премин Батровци. Царинските службеници се посомневале дека нешто се крие во возилото, па автомобилот бил ставен на скенер. Во просторот под резервната гума бил пронајден професионално изработен бункер со две електрични брави.
Во бункерот биле скриени 24 пакети со хероин, а по деталниот претрес во другите делови од возилото биле најдени уште десет пакети.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа