Пакетчиња и покуќнина за 15-членото семејство Китановски од Припор

 

Градоначалничката на Кисела Вода Билјана Беличанец-Алексиќ и претседателот на Советот на Општината Трајче Донев ќе го посетат 15-членото семејство Китановски во населбата Припор и ќе им донираат покуќнина и пакетчиња за децата.

Семејството во новата година ќе може да им се радува на новата детска соба, која ќе биде донација од компанијата Телесмарт Телеком, а се реализира преку проектот „Се грижиме за топол дом”, за чија имплементација општината Кисела Вода потпиша Меморандум за соработка со министерството за труд и социјална политика.

05.01.2014 - 11:37

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега