Трогателна објава на ќерката на прегазениот скопјанец: Се зацрни уште една фамилија - Ми го прегазија татичко свирепо на пешачка зона
Синоќа, скопјанец беше трагично прегазен од мотор на Градскиот кеј, во непосредна близина на неговиот дом. По веста за овој страшен настан, со трогателна објава на социјалните мрежи се огласи и ќерката на загинатиот, изразувајќи ја својата болка и барање за правда.
„Ми го прегазија татичко свирепо на пешачка зона на кеј, пред сопствениот прозор. Се зацрни уште една фамилија. Дали ќе има крај на ова, до кога се прашуваме, до недоглед!!! Дали е тоа место за возење на мотори!? Ќе ми фалиш бескрајно, еден дел од мене засекогаш згасна“, гласеше емотивната порака на ќерката.
Таа во својата објава јасно порача дека „ќе се бара правда!“ за овој трагичен инцидент.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа