Романија подигна два авиони Ф-16: Руски беспилотни летала нападнаа во близина на романската граница

 


Во Романија, во округот Тулча е прогласена воздушна тревога поради масовен напад на руски беспилотни летала врз Украина, објави денес романското Министерство за одбрана.

Синоќа, романската армија беше принудена да дигне во воздух два борбени авиони Ф-16, според соопштението објавено на Фејсбук.

„Во текот на ноќта, Русија нападна цивилни и пристанишни објекти во Украина со беспилотни летала… Во 23:15 часот, два романски борбени авиони Ф-16 полетаа од воздухопловната база Бока-86 за да ја следат воздушната ситуација“, изјави романското Министерство за одбрана, пренесува Танјуг.

Во исто време, тоа министерство објави дека жителите на Тулча добиле предупредувачка порака за опасноста преку системот RO-Alert. Романското Министерство за одбрана остро ги осуди нападите на Русија врз цивилни објекти и инфраструктура во Украина, се вели во соопштението.

02.07.2025 - 12:13

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега