Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран
Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел, со што пазарот реагираше на мешани сигнали за тензиите меѓу Соединетите Американски Држави и Иран, како и на потенцијалните ризици кога станува збор за снабдувањето.
Цената на нафтата падна претходно оваа недела во очекување на примирје меѓу Израел и Иран, објави Trading Economiks.
Фокусот сега се префрла на состанокот на Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC+) на 6 јули, каде што Русија би можела да поддржи зголемување на производството доколку е потребно.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа