Поевтини карти за скијање за студентите - пензионерите ќе скијаат бесплатно

Министерот за образование и наука, Спиро Ристовски, информираше дека на планината Бистра студентите ќе скијаат по пониски цени.

Ски-карта за студент ќе чини 30 отсто помалку од обичните карти, а се што треба да направи студентот кој сака да се рекреира со скијање е да донесе  студентска легитимација или индекс за да се легитимира. Картата ќе чини 800 или 650 денари зависно од сезоната.

-МОН имајќи го предвид значењето на скијањето од аспект на спортување на отворен простор и на чист планински воздух, ја поздравува и поддржува оваа иницијатива. Ова е една одлична можност за студентите и љубителите на белиот спорт. Понудата е интересна и атрактивна за да се рекреираат, дружат и забавуваат на една од нашите најубави планини, притоа заштедувајќи дел од личните средства, истакна министерот, Спиро Ристовски, пренесе Курир.

Поевтинувањето на картите е на иницијатива на управителот на ски-центарот „Заре Лазаревски“, Огњан Циговски. Тој информираше дека не само студентите, туку и лицата над 65 години тука ќе може да скијаат бесплатно.

 

03.01.2014 - 11:01
Фото: 
Идивиди

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега