„Македонскиот воин“ Перо Антиќ меѓу личностите кои ќе ја одбележат оваа година
Американскиот интернет сајт „Creative Loafing Atlanta” го смести првиот Македонец во НБА, Перо Антиќ, меѓу 20-те личности кои би можеле да ја одбележат 2014-та година.
Според сајтот, малкумина обрнаа внимание на Перо Антиќ кога тој потпиша двегодишен договор со Атланта Хокс. Антиќ е претставен како „Македонски воин“ чие тело е прекриено со тетоважи, кој игра на центарската позиција, со избричена глава, црна града. Интернет сајтот додава и дека Антиќ со Македонија во 2011-та го освои четвртото место на ЕП во Литванија за што му беше доделен орден.
-Во мојата земја луѓето ја сакаат кошарката. Ми значи што гледам како еден човек ги обединува и прави да се чуствуваат како дома“, заклучува Антиќ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа