СДСМ: Владата на ВМРО-ДПМНЕ се фали со туѓи проекти во Кавадарци

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, продолжува со познатата практика на сликање покрај проекти од претходната Влада на СДСМ, велат од СДСМ.
„Последен пример е Кавадарци, каде премиерот Мицкоски, членови на владата и градоначалникот Јанчев се фалеа со проекти како што се колекторскиот и канализацискиот систем во населеното место Моклиште, проекти кои беа планирани, финансисрани, започнати и во напредна фаза на реализација токму во време на Владата предводена од СДСМ.
Добро е што овие проекти се завршњни но граѓаните знаат: овие проекти се резултат на одговорна и визионерска политика на СДСМ која секогаш работеше во интерес на сите граѓани.
За жал, после 10 месеци Вадата на ВМРО-ДПМНЕ нема ниту еден сопствен капитален проект“, стои во соопштението од СДСМ.
02.05.2025 - 15:54
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа