Гаши: Трудот на работниците заслужува соодветно вреднување
Претседателот на Собранието Африм Гаши ипати честитка по повод Први мај.
„Први мај, како симбол на борбата за работничките права, за социјална правда и достоинствен живот, е денот кога оддаваме признание на сите оние кои живеат од својот труд, кои чесно ја извршуваат својата работа, придонесувајќи за подобра иднина за себе, за своите семејства и за целото општество.
Затоа, на Меѓународниот ден на трудот, упатувам честитки до сите работници во нашата држава кои со својата секојдневна посветеност и труд се столб на нашето општество и економија.
Како државни институции, наша врвна обврска е да создаваме услови за сигурна, правична и достоинствена работа за сите. Вашиот труд заслужува да биде вреднуван соодветно, со почит и со поддршка.
Во мое лично име и во име на Собранието на Република Северна Македонија, Ви посакувам добро здравје, достоинствен живот и уште многу професионални успеси.
Честит 1 Мај – Ден на трудот!“, стои во честитката.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа