Во Израел живеат над 120 илјади преживеани од Холокаустот

 

Во Израел живеат 120.507 преживеани од Холокаустот, што е намалување за речиси 10 отсто во споредба со минатата година, се наведува во извештај на организацијата за правата на преживеаните, објавен пред националната комеморација во чест на жртвите.

Во април 2024 година, Израел евидентирал 133.362 лица кои биле прогонувани од нацистите меѓу 1933 и 1945 година.

Извештајот ги дели преживеаните во три категории:

40.756 лица преживеале логори, гета или се криеле,

43.114 избегале пред доаѓањето на нацистите, главно од поранешниот СССР,

36.637 биле жртви на антисемитизам во Мароко, Алжир или Ирак.

Меѓу нив има и 125 лица што се бореле во редовите на сојузниците.

Според извештајот, 61 отсто од преживеаните се жени, а 39 отсто мажи. Најголем дел се родени во поранешен СССР (37 отсто), Мароко (17 отсто) и Ирак (11 отсто).

Претседателот Ицак Херцог утре ќе присуствува на „Походот на живите“ во Аушвиц, а премиерот Бенјамин Нетанјаху вечерва ќе се обрати на комеморацијата во меморијалот „Јад Вашем“. Утре изутрина во цел Израел ќе се огласат сирени во чест на шесте милиони убиени Евреи.

23.04.2025 - 22:15

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега