Меџити: Владините институции континуирано превземаат мерки против загадувањето на воздухот

 


Во присуство на министри, заменици министри, ЗЕЛС, градоначалници, директори на управи и претсттавници на институциите, денеска под раководство на првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити се одржа координативен состанок за напредокот и постигнувањата во делот на спроведувањето на Акцискиот План за подобрување на квалитетот на воздухот и на животната средина.

На состанокот присутните информираа за активностите превземени од страна на институциите кои ги водат во насока на подобруавње на квалитетот на воздухот, при што се нагласи дека загадувањето на воздухот е повеќедецениски проблем не само кај нас, туку и во земјите од нашето опкружување и во светот и дека Владата сериозно пристапи кон преземање на конкретни активности кои се координирани помеѓу институциите на локално и централно ниво.

Заклучок од состанокот беше дека сите субјекти во државата – државните институции, локалната самоуправа, бизнис секторот, граѓанските здруженија и секој поединец има обврски и ингеренции и само со усогласено делување може да се стигне до посакуваните резултати.

Од таа причина Министерството за животна средина формираше работна група која изработи „Акциски план за грејната сезона 2024 -2025“ во кој се проектирани краткорочни интервентни мерки кои се реални, брзо изводливи и применливи акции со назначени одговорни институции за имплементирање и со обврска за известување од спроведените акциии.

Главно преземените активности беа фокусирани на зајакнати контроли на правните субјекти во однос на почитување на условите од А и Б интегрираните дозволи и студиите и елаборатите за оцена на влијание врз животната средина и за оние што не го почитуваа законот беа изречени казни. Посебно внимание институците посветиле на третманот на отпадот како и контролите за палење на оган на отворено. Особено успешни беа контролите на станиците за технички преглед на возила со цел да се утврди дали се спроведува мерење на емисиите на издувни гасови и вонредните контроли на техничка исправност на возилата, особено за оние со дизел горива, и нерегистрирани возила.

Владата ја лансираше и Планската програма за почист воздух 2025 -2030 која се фокусира на долгорочните мерки и решенија, а во неа се опфатени сите важни аспекти за подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух и постои системски приод што гарантира резултати на краток, среден и долг рок, велат од ова министерство.

23.04.2025 - 16:20

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега