Кривична за директорот на „Григор Прличев“ во Охрид - го оштетил центарот за 150.000 денари

 


СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г.С.(48) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.

Во периодот на 2023 година, во својство на директор на Национална установа - Центар за култура – „Григор Прличев“ во Охрид, За време на одржување на фестивал на народни песни и игри 2023 година, за сместување на 72 лица, од туристичка агенција им била издадена фактура во износ од 387.450 денари.

По извршените проверки било утврдено дека во книгата на евиденција биле запишани 48 лица, при што е констатирано дека националната установа, претставувана од пријавениот, била оштетена за износ од 151.290 денари.

23.04.2025 - 10:35

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега