Ивана беше ѕверски мачена и убиена - Таткото на младата девојка со потресни зборови
Младата Ивана Кривокапиќ беше убиена на 2 демекври 2022 година, а нејзиниот татко сеуште е скршен од болка по загубата на своето чедо.
- Луѓето постојано ми велат, животот оди напред, а не сфаќаат дека за мене тоа е најтажниот дел. Замислувам друг крај, поинаква прегратка...не се ни поздравивме како што треба. Твоите бакнежи и тоа "Се гледаме наскоро тато"...тоа брзо е бесконечно, денот се претвори во ноќ, напиша таткото на убиената млада девојка.
Убиецот на Ивана, Јетмир Гочај од Црна Гора, сеуште е во бегство и после две ипол години од бруталното убиство кое се случи во стан кај Ѕвездара во Србија.
Телото на несреќната 26-годишна девојка го пронајдоа нејзините браќа на 24 Декември 2022, кои откако не им се јавувала на телефон, ја искршиле вратата од станот и ја затекнале мртва на кревет со откопчани панталони и крената блуза.
Таа наводно имала модрици по вратот, повреди на усната, окото и рацете, што укажува на тоа дека се борела со убиецот.
Утврдено е дека убиецот ја задавил со голи раце, ја заклучил во станот и го понел клучот со себе, па со неа објавувал фотографии на социјалните мрежи, за да си обезбеди алиби.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа