Први Мај неработен ден - Ќе ни се погоди ли времето за празникот?

 

По големиот празник Велигден за кој добивме четири дена одмор и уживавме во сонце, следи уште еден неработен ден следната недела, а тоа е Први Мај.

За деновиве УХМР најавува поројни дождови, ветер и грмотевици, а според прогнозата на Accuweather, за Први Мај времето ќе биде сончево со умерена облачност и температура до 23 степени.

 

Инаку, денеска, претпладне ќе биде сончево со умерена облачност. Попладне променливо облачно, на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирана појава на град.

Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, попладне во делови од котлината ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне 26 степени.

23.04.2025 - 08:32

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега