Израел најавува контроверзен план по војната
Израелскиот министер за одбрана изјави дека и по завршувањето на војната армијата ќе остане во таканаречените „безбедносни зони“ кои беа воспоставени со окупирање на големи области на Газа, пренесува Би-би-си.
Израел Кац рече дека тоа ќе бидат „тампон зони“ кои ќе служат за заштита на израелските заедници „во секоја привремена или трајна ситуација“.
Тој додаде дека „десетици проценти“ од палестинската територија биле додадени откако израелската офанзива продолжи пред три недели.
„Околу 30 отсто од територијата на Газа сега е означена како безбедносна зона“, се вели во соопштението на војската.
Кац рече дека Израел ќе продолжи со својата шестнеделна блокада со хуманитарна помош за да изврши притисок врз Хамас да ги ослободи заложниците, и покрај предупредувањата на ОН за „страшни“ последици.
Во средата, Лекарите без граници предупредија дека Газа „е претворена во масовна гробница за Палестинците и за оние кои доаѓаат да им помогнат“.
„Во реално време сме сведоци на уништување и присилно раселување на целото население во Газа“, изјави Аманда Базероле, координаторка на хуманитарната организација во Газа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа