Принцот Вилијамс се враќа во училишните клупи

 

 

Принцот Вилијамс (31) повторно ќе се врати во училишните клупи. Од почетокот на јануари следната година ,тој ќе посетува обука од областа на земјоделството на престижниот Универзитетот во Кембриџ, објави "Кенсингтон Палас".

Наставата е со цел да му помогне на принцот во разбирање на современите случувања поврзани со земјоделскиот бизнис и руралениот имот на Велика Британија. Принцот Вилијамс ќе има обука, предавања и состаноци од 18 до 20 часа неделно.

Тој ќе мора да пишува задачи, а предвидена е и настава на терен. Оваа обука ќе му помогне на принцот да се припреми за управување со Војводство од Корнвол, кое опфаќа 53.000 хектари земјиште.

 

 

 

31.12.2013 - 12:57

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега