Филипче замина за Брисел
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), Венко Филипче, денеска во Брисел, ќе учествува на конференција на социјалистите и демократите на тема „Започнување на Програмата на С&Д Вили Брант за проширување на ЕУ“.
Од СДСМ информираа дека во рамки на конференцијата, претседателот Филипче денеска во 17:15 часот, ќе има обраќање на панел дискусијата насловена „Прогресивна агенда за проширување на ЕУ“, што ќе ја води европратеникот и известувач на ЕП за Србија, Тонино Пицула.
На конференцијата ќе учествуваат вицепремиери и министри за ЕУ интеграции од Украина, Молдавија, Албанија, пратеници, како и претседатели на социјалдемократските партии од Србија и Црна Гора.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа