Станот во Куманово, автомобилот во Битола, дуќанот во Струга - фискалните сметки донесоа среќа низ цела Македонија
Синоќа, 30.12.13 по 20:00 се одржа првото извлекување од наградната игра Фискална во рака - награда без мака, организирана од страна на Државна лотарија на Македонија под покровителство на Министерство за Финасии на Република Македонија. Во првото коло учествуваа сите коверти кои вчера утрото се подигнаа од пошта и од пункотовите поставени на Градскиот плоштад Македонија и зградата на МРТ. Бројката од над 800.000 коверти зборува за широката прифатеност на наградната игра што се должи пред се на богатиот и атрактивен награден фонд, но секако и на поддршката од медиумите и широката јавност.
Кумановецот Трајко Кузмановски беше најсреќниот од учесниците во наградната игра „Фискална во рака, награда без мака“. Тој беше извлечен за првиот од вкупно трите стана во целата наградна игра. Ковертот со 20 фискални сметки на Трајко Кузмановски од Куманово беше извлечен од 800 000 коверти.
Димитар Миладинов од Струга го доби дуќанот, а Панде Мановски од битолското село Буково е добитник на автомобил „пежо 208“. Интересно е да се додаде дека на списокот среќни добитници во наградната игра има учесници од сите градови на Македонија.
Во вчерашното извлекување беа доделени вкупно 153 награди, велосипеди, комјутери, фотоапарати, бела техника, аудио и видео техника.
Комплетниот список со резултатите од првото извлекување кое се одржа вчера на 30.12. 2013та, ќе бидат објавени на веб и фејсбук страната на Државна лотарија на Македонија, во текот на денов, како и во дневните весници Дневник и Вест на 2ри јануари и во дневните весници Вечер и Коха на 3ти Јануари 2014та.
Во текот на наградната игра која заради големиот интерес наместо девет ќе има вкупно 13 извлекувања ( секој месец по едно) ќе може да се учествува со фискални сметки кои носат најран датум од 15.11. 2013. Сите кои до сега не ги испратиле своите фискални сметки, истото може да го сторат и понатаму во текот на наградната игра.
Поради огромниот интерес, со задоволство го најавуваме веќе второто извлекување кое ќе се изврши на 27.01.2014 година во кое ќе учествуваат ковертите, пристигнати до приредувачот во периодот од 30.12.2013 година до 26.01.2014 година до 24:00 часот.
Во второто извлекување ќе се извлекуваат добитници на бројни вредносни ваучери и еден автомобил, како и во третото, четвртото, петото и шестото, а сите неизвлечени коверти од овие извлекувањата ќе учествуваат во седмото извлекување кое ќе се реализира на 30 јуни 2014та кога покрај вредносни ваучери и автомобил ќе се извлекуваат и еден стан и еден дуќан.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа