Ана неутешна по смртта на Сара во "Пулс": Јас и ти ко едно тело
Владимир Блажев - Панчо, придружниот вокал Ана Костадиновска и гитаристот Горан Тонев, се единствените тројца од ДНК кои се спасија кобната ноќ кога изби пожар во дискотеката Пулс во Кочани, каде за жал загинаа 59 лица, меѓу кои и членови на бендот.
Придружниот вокал и професорка по музика, Ана Костадиновска, се огласи со уште еден трагичен пост за загубата на својата колешка и пријателка, Сара Пројковска.
- Јас и ти ко едно тело...напиша Ана со скршено срце, објавувајќи фотографија од неа и починатата Сара.
Претходно, таа се прости од своите пријатели. -Си замина дел од моето второ семејство. Заедно со нив и душава моја. Остана само пепел и празнина… а, кој би рекол дека празнината може толку да боли, напиша Ана.
Сара Пројковска од ДНК е меѓу жртвите на огромната трагедија во Кочани која ја потресе не само Македонија, туку и регионот и светската јавност, кога во пожар во дискотеката Пулс загинаа 59 лица, а повеќе од 160 се повредени и се на лекување во болниците низ Македонија и регионот.
Придружниот вокал на ДНК пред помалку од четири години го изгуби сопругот, Александар Николовски, џез музичар и професор по труба, кој почина кон крајот на декември 2021 година, на 48-годишна возраст, по кратко боледување.
Сара беше самохрана мајка на две деца. Беше професорка по пијано на Факултетот за музичка уметност.
Телото на Сара за последен поздрав беше изложено во Црквата „Свети Петар и Павле“ во Горно Лисиче, во четврток на 20.03.2025 година, од 12:00 до 14:00 часот. Погребот се изврши на гробиштата во Горно Лисиче.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа