Нови 170 војници ќе ја “освежат“ македонската армија
Денеска конечно заврши процесот на избор на професионални војници за служба во АРМ. Се работи за сто и седумдесет лица кои на 27 декември потпишаа договори за прием во служба на Армијата, согласно неодамна објавениот Јавен оглас за прием на професионални војници во служба на Армијата на Република Македонија.
Лицата се избрани во транспарентна, строго професионална постапка, која предвид ги зема квалитетите на пријавените кандидати.
Како што стои во соопштението на Министерството за одбрана, во изборот на кандидатите земена е и Програмата за соодветната и правична застапеност на етничките заедници во Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија 2012 – 2015 година.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа