Игор Џамбазов скршен од болка за Андреј ДНК: Ти беше од таа специјална сорта луѓе
Македонскиот шоумен Игор Џамбазов се огласи на Фејсбук скршен од болка, по веста за трагедијата во Кочани, каде во дискотеката Пулс во пожар настрадаа 59 лица, а повеќе од 150 се повредени. Тој се прости од неговиот пријател, Андреј од ДНК кои кобната вечер на 16 март имаа настап во дискотеката.
Инаку, во земјава и денеска е ден на жалост за настраданите во несреќата во Кочани. За време на седумдневната жалост што ја прогласи Владата, знамињата се на половина копје, откажани се сите музички, забавни активности и настаните во установите од областа на културата, а прилагодена е и програмата на медиумите. Отворени се книги на жалост во Собранието, во МНР и во македонските амбасади низ светот.
Денеска ден на жалост прогласија Србија, Бугарија, Босна и Хрцеговина, а вчера и Црна Гора.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа