Мусар: Словенија се солидаризира со Македонија
Длабоко сум тажна поради трагичниот пожар во Кочани, Северна Македонија, кој однесе животи на толку многу млади луѓе, напиша на Х претседателката на Република Словенија Наташа Пирц Мусар.
Таа изрази длабоко сочувство до семејствата на жртвите, пријателите и целата заедница погодена од овој катастрофален настан.
- Во ова време на длабока тага, Словенија се солидаризира со Северна Македонија, додаде Мусар.
16.03.2025 - 12:25
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа