Жена прегазила дете на пешачки, веднаш избегала

 

На 05.03.2025 во 13:30 часот во СВР Велес извршен е службен разговор со 43-годишната В.В. од Велес. Имено, во 06:55 часот на обележан пешачки премин на улица „Благој Ѓорев“ во Велес, со патничко возило „киа“ со велешки регистарски ознаки, кое го управувала, удрила во 16-годишник од Велес и го напуштила местото.

Во несреќата со телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во болницата во Велес.

Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес.

06.03.2025 - 17:14

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега