Во јануари ќе имаме време да се одмориме - еве кои денови се неработни следниот месец

 

Од Министерството за труд и социјална политика информираат дека согласно со Законот за празниците на Република Македонија, 1. јануари 2014 година, среда, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.

Во текот на месец јануари неработни денови за сите граѓани на Република Македонија ќе бидат и 6. јануари кога се слави Бадник,  7. јануари, прв ден на Божиќ и 19. јануари кога се празнува празникот Богојавление-Водици.

 

30.12.2013 - 11:01

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега