Легнал богат се разбудил сиромашен - битолчанец преку ноќ загуби 30.000 долари

 

Лукав крадец се збогати за 30.000 австралиски долари, откако успеал среде ноќ да ја ограби куќата на 63 годишниот битолчанец Љ.Д.

Според информациите од полицијата, арамијата успеал да влезе во куќата на Љ.Д. преку балконската врата на првиот кат. Домаќините спиеле на вториот кат, а тој дрско ги пребарувал собите. Откако ги нашол парите, крадецот избегал од куќата.

Полицијата работи на пронаоѓање на крадецот и расветлување на случајот.

30.12.2013 - 10:19

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега