Драма на Хималаите: Заробени најмалку 47 лица по уривање глечер

 


Се стравува дека најмалку 47 луѓе се заробени по пукање глечер во индиската хималајска држава Утаракханд, објавија денеска локалните медиуми.

Инцидентот се случил во близина на автопат во регионот Чамоли, на помалку од пет километри од популарниот хинду-храм „Бадринат“, кој секоја година го посетуваат стотици илјади верници.

Најмалку 57 работници, кои граделе пат во област што граничи со Тибет, останале заробени по лавина предизвикана од пукање глечер, изјави високиот полициски службеник Нилеш Ананд Барне за новинската агенција АНИ.

„Од нив, 10 работници беа спасени и испратени во воен камп во близина на Мана (село) во критична состојба“, рече тој.

„Предизвик е за спасувачите да стигнат до местото на кое се заробени 47 луѓе бидејќи паѓа силен снег“, изјави друг висок функционер за АНИ.

28.02.2025 - 11:31

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега