Се обидел со автомобил да удри тетовец и неговиот малолетен внук, па им се заканувал

 

На 25.02.2025 во 16.05 часот во с.Палатица, тетовско, полициски службеници од Полициското одделение Групчин го лишиле од слобода С.М.(41) од с.Палатица, постапувајќи по претходна пријава.

-Пријавата е дека околу 15.00 часот на улица „Борис Кидрич“ во Тетово со неговото возило се обидел да го удри С.У.(64) од Тетово и неговиот малолетен внук, по што излегол од возилото, им се заканувал и се обидел физички да го нападне С.У., информираат од СВР Тетово.

Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.

26.02.2025 - 14:31

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега