Ин мемориам: Почина Крунослав Трајков
По кратко боледување почина нашиот колега, Крунослав Трајков. Еден од првите монтажери во телевизија Телма , кој повеќе од 25 години со својот труд се вгради во развојот на нашиот медиум, монтирајќи ги сите вести, емиси, репортажи и други содржини.
Крунослав Трајков, кој за сите нас беше Кичо, ќе биде погребан утре во 12 часот на гробиштата Камник, во Скопје, а претходно, во 11 часот опело ќе се одржи во црквата Свети Спас, во Маџари.
14.02.2025 - 17:35
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа