Македонски манифест разочарани од Ховит: „Златна зора“ се преселила во Брисел

 

Македонски манифест излезе со реакција на, како што велат, чудовишното објаснување на известувачот за Македонија во ЕП, Ричард Ховит, со кое предложи амандман на сопствениот извештај – да се избрише единствената придавка „македонски“ што ја употребува во извештајот. Од Македонски манифест сметаат дека и „Ховит стана алатка со чија помош треба да се затвори кругот околу Македонија“

Ховит минатата недела ја изрази својата загриженост дека се помалку млади го изучуваат јазикот на другиот и побара акција по ова прашање која би превенирала конфликти и поделба на етничка основа меѓу децата на училишна возраст.

- До вчера, на г-дин Ховит му ја припишувавме заслугата што по двегодишен егзил ја врати придавката „македонски“ во ЕУ, која беше протерана на предлог на грчките европратеници, а сега, еве, со едно политичко харикири, истиот тој Ховит стана алатка со чија помош треба да се затвори кругот околу Македонија. Може само да се претпоставува која е вистинската причина за толку брзото еволуирање на британскиот европратеник. Но, со сигурност може да се тврди, дека тоа е дел од стратегијата на САД да се затвори маѓепсаниот круг околу Македонија за промена на нејзиното име, идентитетот, историјата, јазикот и културата на Македонците. Тоа е обид со уцени од сите страни да му се стави точка на македонското опстојување во името, што неодамна го најави поранешниот американски амбасадор во Република Македонија, Филип Рикер, кога сугерираше да отвориме „дебата за името“, а по него и актуелниот американски амбасадор Пол Волерс, кој од европскиот Штулов универзитет во Тетово ни порача: „Не можете да се дефинирате по својата националност, која е различна, ниту по верата, која исто така се разликува, или по културата, која е слична, но не е иста“. Внимавајте, потребно е со дебата да си го смениме нашето вековно име - велат од Македонски манифест.

Претставниците на Македонски манифест велат дека не се изненадени, како што велат, што неонацистичката „Златна зора“, која во Грција ги изгуби државните финансии, сега се преселила во административното седиште на ЕУ.Од Македонски манифест апелираат до македонскиот народ и сите граѓани на Република Македонија да не ги примаат слепо обландираните подароци од новиот Вавилон и, додаваат оттаму, да опстојат во исконот на името.

29.12.2013 - 12:26

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега