ВИДЕО: Антиќ ја „скина“ мрежичката за три во последните моменти од мечот
Перо Антиќ со својата тројка „на една нога“ на 3.1 секунди до крајот им донесе продолжение на Хокси во дуелот со Шарлот, кој тие по дополнителните пет минути и го добија со 118:116.
„Не, не беше планот јас да ја шутирам за тројка во тој напад. Тоа беше шут за Корвер, но тие цел натпревар добро го покриваа па јас се одлучив за шутирам во тој последен напад. Се дигнав на тројка иако не погодив ниту еден од моите претходни обиди. Сите претходни беа од подобри позиции, но оној кој беше најтежок на крајот успеав некако да го погодам.
Искусен сум и се обидувам на секој можен начин да ѝ помогнам на својата екипа. Иако селекцијата на шутот ми беше добра, имав ужасна шутерска вечер и затоа дадов сè од себе да им помогнам на соиграчите со моите скокови и асистенции, како и со играта во одбрана“ - рече Антиќ кој на своите три поени додаде и седум асистенции, четири скокови и три блокади.
Шутот на Перо по средбата го коментираа и тренерот Мајк Буденхолцер и Лу Вилијамс.
„Тоа не беше една од опциите во тој напад, но тие секоја наша опција добро ја одбранија и за тоа заслужуваат пофалби. Но така е во кошарката, еден среќен шут може да реши многу работи. Перо е одличен и уникатен играч, кој располага со навистина висок коефицент на кошаркарска интелигенција“ - рече Буденхолцер.
„На тренинзите постојано го критикуваме за истиов овој шут. Вечерва му се извинив и му кажав дека повеќе никогаш нема да му преречеме кога на тренинг ќе шутне во ваков стил“ - изјави Вилијамс.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа