Воздухот во Скопје загаден “до даска“ - дознајте дали вашата населба е меѓу најкритичните

 

Загаденоста на воздухот во Скопје и денеска е на превисоко ниво.

Според последните официјални мерења за квалитетот на воздухот на Министерството за животна средина, воздухот е најзагаден во Центарм Карпош и Лисиче. Во овие населби се измерени вредности на ПМ суспендирани честички од околу 200 микрометри на кубен метар, што е неколку пати над дозволеното. Овие честички претставуваат едни од најштетните загадувачи на воздухот кои на мал дијаметар и висока концентрација продираат во респираторниот систем на луѓето.

Сеуште важат препораките за превенција од загадувањето за бремените жени, астматичарите и постарите лица.

Според последните мерења, денеска и Тетово е во магла и смог.

 

28.12.2013 - 13:52

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега