Ѕирнете кои се најсимнуваните серии за 2013

 

Објавена е конечната листа на најпопуларни и најсимнувани серии за 2013 година

На самиот врв на листата се најдоа „Game of Thrones“ и „Breaking Bad“. Последната епизода од третата сезона на „Game od Thrones“ е симната дури 5,9 милиони пати само во една недела после емитувањето, додека, последната епизода од „Breaking Bad“ е даунлодирана 4,2 милиони пати.

Пиратеријата, која веќе неколку години се истакнува како најголем проблем во Холивуд можеби сепак не е толку голем проблем. Всушност, се почесто се зборува за промотивната вредност на илегалното симнување.

Директорот на Time Varner, Џеф Бивкс, изјави рекордното симнување на „Game of Thrones“ е многу поголема награда од освојувањето на Еми, додека творецот на „Breaking Bad“, Винс Гилиган рече дека пиратеријата всушност помага при ширењето на брендот.

За разлика од нив, продуцентката на серијата „The Walking Dead“, Гејл Ен Хард, смета дека пиратеријата не е корисна

-Многумина веруваат дека пиратеријата на некој начин е добра и дека гледачите со време ќе развијат навика на плаќање за да продолжат да ја гледаат серијата, но нема теоретски шанси дека тие кои илегално ги симнуваат сериите во иднина ќе изберат легален download или легално гледање серии, Гејл Ен Хард.

Еве го списокот на најсимнувани серии:

1. Game od Thrones - 5, милиони

2. Breaking Bad - 4,2 милиони

3. The Walking Dead - 3,6 милиони

4. The Big Bang Theory - 3,4 милиони

5. Dexter - 3,1 милиони

6. How i Met Your Mother -3 милиони

7. Suits - 2,6 милиони

8. Homeland - 2,4 милиони

9. Vikings - 2,3 милиони

10. Arrow - 2,2 милиони

28.12.2013 - 13:18

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега