Професорот Цури се прости од Фросина: Најдобриот студент кој го имавме!
Реномираниот моден дизајнер Изет Цури и бил професор на прегазената Фросина Кулакова, па од неа се прости на социјалните мрежи.
Фросина пред само седум месеци ја воодушеви јавноста со нејзините модели на годишната ревија на Интернационалниот институт за мода „Изет Цури“ каде студираше.
Младата Фросина Кулакова од Неготино која прерано го загуби животот кога на неа налета возач и ја прегази на пешачки премин на булеварот Партизански Одреди, денеска ќе биде испратена во вечниот дом.
Јавноста се сеќава на Фросина која пред 12 години, како десетгодишно девојче, се појави во видеозаписот за песната ,,Божиќ за секој од нас”, заедно со нејзината сестра Росица која, пак, со Димитар ја претставуваше Македонија на детскиот „Евросонг“ во 2007 година.
Граѓани најавија дека денеска излегуваат на протест по трагичната несреќа.
„Освен што ќе ги “бојкотирате” маркетите, појдете на “Партизанска”, пешачкиот кај Силбо, во 13:00 и заедно да го блокираме булеварот!!! Можеби некој од надлежните ќе отвори очи!!! А, и ние родителите, да си ја чукнеме малку главата!!!“, стои во најавата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа