Америка пред диктатура: Американскиот Устав му забранува на Трамп да служи трет мандат

 


Енди Оглс, републиканец од Тенеси, предложи амандман на американскиот Устав кој ќе му овозможи на Доналд Трамп трет мандат како претседател на САД.

Конгресменот Оглс воведе заедничка резолуција за измена на 22-от амандман, со кој во моментов се забранува секој да служи повеќе од два мандата како претседател на Соединетите држави.

Неговата нова формулација би му овозможила на претседателот да служи три мандати, под услов само два да бидат последователни. Неговата цел е да му дозволи на Трамп да остане на власт по истекот на неговиот сегашен мандат.

„Овој амандман ќе му овозможи на претседателот Трамп да служи три мандати, осигурувајќи дека можеме да го задржиме храброто лидерство што очајно и треба на нашата нација“, рече тој.

Сепак, измената на Уставот на САД е исклучително тешка, а потребна е поддршка од две третини од Претставничкиот дом и Сенатот. Дури и поддршката од сите републиканци во Конгресот, која е далеку од загарантирана, не би била доволна.

„Императив е да му ги обезбедиме на претседателот Трамп сите ресурси што му се потребни за да го поправи катастрофалниот курс што го постави администрацијата на Бајден“, рече Оглс.

„Тој е посветен на обновувањето на републиката и спасувањето на нашата земја, а ние како законодавци и како држава мораме да направиме се што е во наша моќ да го поддржиме“, рече упорниот конзервативец кој го отслужува својот втор мандат во Претставничкиот дом.

„Предлагам амандман на Уставот за ревидирање на ограничувањата наметнати со 22. амандман за претседателски мандати“, додаде тој.

24.01.2025 - 10:35

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега