Како да спречите создавање брчки при спиење
Дерматологот од Њујорк, Дебра Џелимен, објасни како спиењето влијае на појавата на брчките и што можеме да направиме за да ја намалиме длабочината на брчките.
Иако за време на спиењето никој не може да влијае на тоа како спие и колку се превртува во текот на ноќта, сепак можете да влијаете на тоа во која положба ќе заспиете, на што ќе спиете и што ќе ставите навечер на своето лице.
Спијте на грб – Спиењето на стомак или на страна создава постојан притисок на вашето лице, а со време тоа може да влијае на создавањето брчки. Но на многумина спиењето на грб не им е удобно, па д-р Џелимен смета дека со вежби и тоа може да стане пријатно.
Заборавете на памучна постелнина за перници – Памучните навлаки се туткаат и поттикнуваат создавање брчки, додека сатенските и свилените навлаки не прават набори на лицето, бидејќи вашата кожа се лизга по ткаенината.
Не заборавајте на ноќната крема – Таа е густа и поради тоа длабински ја хидрира кожата. Изберете ја онаа што содржи поголем процент на хијалуронска киселина, која помага да се одржи цврстината на кожата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа