Меџити се огласи од Вашингтон: Со администрацијата на Трамп тесно ќе соработуваме

 

Вицепремиерот и министер за животна средина Изет Меџити од Вашингтон најави тесна соработка со администрацијата на 47. американски претседател, Доналд Трамп.

-Поздрав од Вашингтон, каде заедно со премиерот Христијан Мицкоски, претседателот на Собранието Африм Гаши и делегацијата на Владата учествуваме на инаугурацијата на 47-от претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп. Со администрацијата на Трамп тесно ќе работиме за евроатлантска Северна Македонија, без корупција и економски развиена. САД се партнерски сојузник на Северна Македонија и ќе продолжиме да ја продлабочуваме соработката и негувањето на билатералните односи како неопходен и суштински процес, вели Меџити.

20.01.2025 - 23:48

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега