Мајка со детето во раце влегла во Сава - цел ден го бараат детето
Хрватската полиција и другите служби утрово ја продолжија потрагата по дете во реката Сава, која синоќа околу 21 часот беше прекината поради лошите временски услови.
Како што објави хрватски Индекс, покрај полицијата, на терен се и Хрватската планинска спасувачка служба (ХГСС), пожарникари и цивилна заштита, а во потрагата на реката Сава се користат и дронови.
Загрепската полиција вчера соопшти дека интензивно го пребарува коритото на реката Сава во Загреб во потрага по дете чија мајка била спасена од реката.
Полицијата извести дека мајката им рекла дека во средата околу 16 часот и 10 минути во близина на мостот Јанкомир влегла во реката Сава со своето дете во рака.
На мајката и била укажана лекарска помош, додека „се вршат интензивни мерки за пребарување во насока на пронаоѓање на детето“, информираше претходно полицијата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа