СПУКМ се приклучи во хуманитарната акција „Се грижиме за топол дом"
Студентскиот парламент на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”- Скопје се вклучува во хуманитарната акција „Се грижиме за топол дом" на Министерството за труд и социјална политика.
Студентите и сите граѓани кои сакаат да донираат електрични апарати, апарати за домаќинство, опрема за деца, бела техника може да ги достават во просториите на СПУКМ, секој ден од 10 до 16 часот.
По завршувањето на акцијата, предметите кои ќе им бидат дадени на семејства на кои најмногу им се потребни.
- Хуманоста е најзначајната човекова особина. Ние, како студентски претставници, ја имаме одговорноста неа да ја стимулираме и подигнуваме меѓу граѓаните. Токму затоа СПУКМ се вклучува во акцијата, соопшти студентската организација на Скопскиот универзитет
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа