Цветков: Владата на ВМРО-ДПМНЕ не ги исполнува ветувањата, стандардот на граѓаните опаѓа
Пратеникот на СДСМ Борче Цветков во емисијата „24 Анализа“ на телевизија 24 истакна дека владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за шест месеци нема ништо направено од ветувањата додека стандардот на граѓаните опаѓа постојано.
-Има реализација на програмата од само 1%, со есенска потрошувачка кошничка фактите говорат дека граѓаните “заштедија“ 1 евро, а со предновогодишната се во минус 15 евра поради зголемените цени, нагласи Цветков.
Тој истакна дека премиерот сега, 3 дена пред Нова година излегува и кажува дека ќе ги казнува трговците зошто не ги намалиле цените, што е само уште една манипулација, затоа што со амин на власта трговците ги зголемија цените.
Наместо правда, гледаме дека процесите се враќаат назад кога партиски се диригираше се а власта се меша во судството, во обвинителството.
-Се наоѓаме во ситуација општо да се враќаме наназад, кадија те тужи - кадија те суди. Се носат условно речено пресуди, пред истрагата. Власта треба да остави на органите на прогонот, на судот, на обвинителството да си ја тераат работата. Сегашната власт премногу се меша во судството, во моментот, и му прави притисок, истакна пратеникот на СДСМ Борче Цветков во емисијата „24 Анализа“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа