Силно невреме се заканува во делови од САД: Активирани се системите за вонредна состојба
Метеоролозите за денеска предвидуваат силно невреме во делови од американските сојузни држави Тексас, Луизијана и Арканзас.
Исто така, се предвидува можност за торнада, град и грмежи, со максимална брзина на ветерот до 128 километри на час.
Националната метеоролошка служба издаде предупредување за торнадо доцна во четвртокот во делови од Тексас североисточно од Хјустон, објави АП.
Засега нема извештаи за штети.
Повеќе од 100 летови беа одложени, а десетици откажани на меѓународниот аеродром „Далас Форт Ворт“ во Далас, Тексас.
На меѓународниот аеродром „Џорџ Буш“ во Хјустон, Тексас, имаше и доцнења и откажувања на летови поради невремето.
Гувернерот на Тексас Грег Абот ги активираше државните ресурси за одговор на вонредни состојби.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа