СДСМ: Мицкоски им дозволи на трговците дебело да профитираат врз грбот на народот

 

Наместо намалување на цените и поефтини производи граѓаните се буквално ограбени од големите трговци и тоа со амин на Мицкоски, кој им дозволи дебело да профитираат врз грбот на народот, велат од СДСМ.
 
„Според проценките на СДСМ неколку милиони евра вреди грабежот врз граѓаните од страна на големите трговци преку т.н. „кошнички“. 
 
Неколку милиони евра се извлечени од џебовите на граѓаните во изминатиот период, како резултат на оваа лоша политика на Мицкоски.
 
Штета не може да се надомести, а многу семејства ќе се соочат со економски потешкотии токму во пресрет на новогодишните празници.
 
Прашањето е што им должеше Мицкоски на трговците, за да им дозволи вака безобѕирно да ги пљачкаат граѓаните?
 
За само шест месеци од оваа влада, животот на граѓаните се влоши повеќе отколку за време на најголемите економски кризи. Мицкоски се грижи за елитата и неговите бизнис партнери наместо за граѓаните“, стои во соопштението на СДСМ.
27.12.2024 - 09:01

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега