Попоски: Иницијативата на Иванов ја одразува фактичката состојба

Министерот за надворешни работи Никола Попоски кој денеска оствари средба со претставниците на дипломатско-конзуларни претставништва на Македонија во македонското МНР, истакна дека иницијативата на претседателот Ѓорѓе Иванов за ефектуирање на пресудата од Хаг ја одразува фактичката состојба, но државниот врв е претпазлив во однос на следни чекори.

- Факт е дека се исполнети сите критериуми во тој правец. Во овој момент не би сакале да навлегуваме во тоа дали, како и што би можело да се случи, но се работи за една констатација која ја одразува состојбата на теренот, изјави министерот Попоски на средбата.

Министерот посочио и дека освен политичкиот ангажман, економската дипломатија ќе биде втора најзначајна област на која ќе се фокусираат македонските дипломати. Во тој контекст клучна тема ќе биде економската презентација, односно можностите за инвестирање во земјата, извозот и туризмот.

Годинава првпат дипломатите ќе имаат средба и со министерот за здравство Никола Тодоров по повод воведувањето на новата активност здравствена дипломатија.

26.12.2013 - 11:13
Фото: 
либертас

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега