Турчин со македонски автомобил шверцал мигранти - полицијата го приведе

 


Денеска во 01.30 часот на локалниот пат Богородица – Стојаково, на место викано „Табла“, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки Богородица го лишиле од слобода Ј.Т.(29) од Република Турција.

При преглед во возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени осум лица мигранти, од кои три од Сирија, три од Авганистан и две од Ирак.

 

Мигрантите биле предадени во прифатно – транзитен центар во Гевгелија за понатамошна постапка, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

12.12.2024 - 10:20

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега