Уште 1000 дечиња ќе заминат на бесплатно зимување на Пелистер

Радост за дечињата од семејства со социјален ризик корисници на посебен додаток, со пречки во развојот и деца без родители и родителска грижа. Нови 1000 дечиња ќе заминат на зимување во Пелистер оваа зима. 

За ова информираше министерот за труд и социјала Диме Спасов.

-Ги повикувам сите заинтересирани корисници на социјална парична помош, постојана парична помош и посебен додаток да аплицираат за користење на бесплатната услуга за одмор и рекреација на своите деца. Оваа услуга можат да ја користат деца од семејства корисници на социјална парична помош, постојана парична помош и деца корисници на поседен додаток, односно децата редовни ученици  во петто, шесто, седмо и осмо одделение во учебната 2013/2014 година, истакна Спасов.

Може да се аплицира се до 3 јануари 2014, а услугата опфаќа пет полни пансиони, односно ноќевања со три оброка дневно и едукативни, забавни и спортски активности во времетраење од шест дена.

-Овој проект е доказ за искрените заложби на Владата на Република Македонија за подобрување на социјалната состојба на семејствата од социјален ризик, како и грижа за сите деца преку обезбедувањето на еднакви можности и истиот ќе продолжи да се применува и во наредниот период, потенцираше Спасов.

За дечињата се обезбедени средства во износ од 11.637.000 денари.

26.12.2013 - 09:32
Фото: 
Влада

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега