Блокирана сметката на ЈСП
Јавното сообраќајно претпријатие се соочува со сериозна финансиска криза поради неплатени долгови.
Блокираната сметка на претпријатието, предизвикана од долг кон добавувачот на нафта, го загрозува нормалното функционирање на јавниот превоз во градот.
Информација за блокираната сметка ја потврди директорот на јавното претпријатије Драги Кушевски пред почетокот на вонредната седница на Град Скопје на која советниците расправаат за предлогот за зголемување на цената за изминат километар за приватните автобуски превозници.
Директорот посочи дека не ја знае точно сумата која ја должи ЈСП кон добавувачот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа