Директорот на МААЕ на преговори во Иран

 

Директорот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) Рафаел Гроси пристигна денеска во Иран на преговори, ден по неговиот апел до иранските власти да преземат конкретни чекори за решавање на долгорочните проблеми поврзани со иранската нуклеарна програма.

Иранската државна новинска агенција ИРНА пренесе дека Гроси веднаш по пристигнувањето во Техеран се сретнал со портпаролот на иранската државна агенција за атомска енергија, Бехруз Камалванди.

Гроси веќе со месеци се обидува да постигне напредок со Иран во спорните прашања како што се зголемена соработка во надзорот на нуклеарните објекти во Иран и објаснување за траговите на ураниум пронајдени на недекларирани локации.

13.11.2024 - 21:24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега