Каролина Гочева ќе ги забавува битолчани за Нова година

 

Каролина Гочева и групата „Боеми“ ќе бидат главните музички ѕвезди на новогодишната ноќ и забава што општина Битола ќе ја организира на плоштадот „Магнолија“.

Од општина Битола информираат дека годинешните новогодишни свечености ќе бидат посветени на најмладите и во знакот на битолските естрадни ѕвезди.

- Го скративме буџетот за новогодишната програма, но не штедевме за најмладите и затоа секој ден од 29. декември до 31. декември во терминот од 11.30 до 20 часот ќе има новогодишна програма за деца, а во соработка со НУ Народен театар-Битола овозможивме сите театарски претстави во овој период да се следат бесплатно. За битолчани и гостите во нашиот град на плоштадот „Магнолија“ новата 2014 година ќе ја дочекаме со Каролина Гочева, групата „Боеми“ и други битолски естрадни ѕвезди, изјави градоначалникот Владимир Талески.

Традиционално, градоначалникот Талески во овие предновогодишни денови ќе посети повеќе јавни институции, училишта и градинки и ќе додели новогодишни подароци во името на општина Битола.

25.12.2013 - 12:02

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега